На скопскиот аеродром за влез допатувал 25-годишниот А.М. од Tурција со турска патна исправа.
По извршена пасошка контрола и проверка констатирано е дека евидира со мерка одземање патна исправа, по барање на Интерпол.
Откако турската патна исправа и личната карта се дополнително проверени констатирано е дека се фалсификувани, а во неговиот багаж е пронајдена друга турска лична карта со податоци на име 24-годишниот Т.Т.А.
По изготвеното Решение за одбиен влез и при обид да биде качен во авион, лицето побарало политички азил во Република Македонија.