На 18.09.2024 од амбасадата на Кралството Белгија, пријавено е дека исчезнал Ј.M.(72) од Белгија.
Според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше) и на север кон Албанија, но се уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење.
Со помош на дрон, извршена е потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени предмети и траги кои укажуваат на присуство на лицето на наведениот терен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.