Лично со ова (пиштолот), мозокот ќе им го извадам. Исто така, парче по парче ќе сечам од нив- со оваа видео порака, споделена на социјалните мрежи, таткото на малолетното дете им се заканува на деветемина кочанчани кои пред 3 дена го фатија неговиот син во кражба во семејна куќа, а потоа го натепаа.
Од полицијата велат дека веднаш по објавата лицето е идентификувано.
– Триесет и шест годишниот А.И., по преземени оперативни мерки на полицијата утврдено е дека не се наоѓа на територијата на РСМ и се работи на негово обезбедување – изјави за Сител, Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
Споделете ве молам , Ромското население пустоши по Кочани и врши тортура врз населението, поради видеото кое се појави со дете од Ромска нац. Имаа добиени тужби и кривични доста граѓани во КО, погледнете што прават Ромите и никој ништо не презима од #мвр pic.twitter.com/8mVa1eIDD7
— Ху Баба Ху (@Policemen81) April 14, 2021
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Панајотова информира дека и против сторителите на кривичното дело „насилство врз дете“, ќе биде поднесена кривична пријава.
– ОВР Кочани презема мерки за комплетирање и на други кривично правни настани кои се случиле во текот на вечерта – изјави Панајотова.
Истата вечер, до пристигнување на полицијата, во населбата „Трајаново Трло“ каде се случил немилиот настан, роднини и соседи на детето со две возила пристигнале и започнале физички да се пресметуваат со мештаните. Повеќе лица од нападнатите биле повредени, а двајца со контузии на главата и еден со исеченици на лицето и рацете се пренесени во Итната медицинска помош. По укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
– Во врска со овие настани во ПС – Кочани приведени се 3 лица и извршен е службен разговор со 20 лица- додаде Панајотова.
Инцидентот го осуди градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев, кој преку соопштение апелираше до сите надлежни институции сериозно и одговорно да ги сфатат своите задачи, со цел граѓаните на Кочани да се чувствуват безбедно.
Илиев додава дека кражбите, физичките пресметки и прекршувањето на полицискиот час се казниви дела за кои се одговара. Жителите на населбата пред еден месец протестираа поради зачестените кражби во нивните домови и бараа заштита од институциите, пренесува Сител.
За жал, ниту институцијата чиј штитеник е детето, ниту родителите, ниту роднините, не сносат никаква одговорност, туку само нагласуваат дека детето било натепано. На никого немуј фали влакно што тоа дете штитеник го прекршило полицискиот час, наместо да биде превоспитано, испаѓа дека институцијата го воспитува да прави прекршувања на законот од кои некои се и кривични дела. Ќе побара ли некој одговорност од надлежните во институцијата? Како роднините и родителите (ако се во градот) дозволиле детето да го наруши полицискиот час? За ваква нешто социјланите служби треба веднаш да реагираат?
Проблемите се малку подлабоки, а не сакаат да ги видат надлежните во Кочани, ниту пак безбедносните служби. Радикалниот исламизам се шири, а многумина се прават на Тошо.