Лични карти ќе се издаваат и викендов

Министерството за внатрешни работи информира дека Одделенијата за управни работи ќе работат во сабота и недела (28 и 29.10.2017).

-Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно исклучиво во регионалните Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи каде што граѓаните ќе гласаат во втор круг на локалните избори за градоначалници на општините и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа. Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (28.10.2017 година) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на изборите (недела 29. 10. 2017 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот.