Мора да знаеме дека овој трговски центар е изграден во 2008 година и претставуваше дивоградба. Тогашен градоначалник на Струмица, а сега актуелен премиер на Македонија, Зоран Заев, за малку ќе завршеше во затвор поради тоа што нелегално изгради објект на државно земјиште и за кое се водеше постапка за денационализација, пишува Лидер.
Оваа дивоградба која подоцна беше легализирана благодарение на аболицијата за Заев од Бранко Црвенковски, дивоградбата сега веќе е легална, а пред два дена изгоре голем дел од неа.
Треба да ни биде јасно следново. Уште од самиот почеток во оваа градба не е вграден противпожарен систем. За тие што се помалку упатени, станува збор за прскалки и аларми кои се вклучуваат кога имам одреден чад. Нема противпожарен систем во објект изграден во 21 век!
Одговор на прашањето кој е виновен за пожарот во Струмица може да го најдеме во одлуката на претседателот на РМ, Бранко Црвенковски, за аболиција: Тоа се сите оние кои учесвувале во изградбата на овој објект!
Во изградбата на овој објект учесвувале:
1. Зоран Заев од Струмица
2. Стојан Динев од Струмица
3. Кирил Парталов од Струмица
4. Никола Годев од Струмица
5. Иринка Трајкова од Струмица
6. Горан Крстев од Струмица.
Овие луѓе го изградиле овој објект и овозможиле истиот да функционира без соодветна опрема. Сега се случи штета од стотици илјади евра на луѓе кои поседуваат дуќани таму, а среќа што немаме жртви.
Целиот текст прочитајте го ТУКА