Општинската изборна комисија (ОИК) од Чаир без никакво образложение отстранува членови на избирачките одбори на местата за гласање, дознава Лидер од извори на избирачките места.
„На избирачкото место 2903 кое се наоѓа во основното училите Иднина во Чаир, дојдоа претставници на ОИК и без никакво образложение го отстранија претседателот на избирачкиот одбор“, јавил набљудувач од самото место место.
Како што дознава Лидер, ваквата практика се применувала и на други избирачки места во Чаир, но засега нема потврдена информација.