Лидер: Странските инвестиции носат раст на домашниот бизнис

Дека соработката меѓу странските инвеститори и домашните компании е на доста добро ниво, потврдуваат и стопанствениците.

Да се воспостави иницијалниот линк во однос на тоа што се им е потребно на домашните инвеститори, дали суровина, дали било која друга услуга или производ кој им е потребен во работата и како македонските компании би одговориле на истото. Клучот е во квалитетот и конкурентноста, а македонските компании во секој случај тоа го имаат, велат од Сојузот на стопански комори.

Поголема конкурентност и забрзан развој

Користа од доаѓањето на странските инвеститори е повеќестрана, а македонските компании со нив ја билдаат конкурентноста. Оние кои воспоставиле добра соработка, треба да ја користат како добра референца за понатамошен раст и развој.

Ставрески: Домашните компании имаат корист од соработката
Ставрески: Домашните компании имаат корист од соработката

Домашните компании имаат корист од соработката бидејќи на некој начин и ги согледуваат стандардите кои се потребни за извоз во европските и во други земји, и по одреден период ќе можат да соработуваат не само со овие странски компании, туку директно да извезуваат на европските пазари, со зголемување на сопствениот квалитет на производи, стандардите, начинот на организација и слично. Очекувам дека се поголем број на домашни фирми ќе имаат корист од работењето на странските компании во Македонија, изјави неодамна вицепремерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Домашните компании го препознаваат оној момент на додадена вредност кој се има со влегувањето на странските компании, тоа е онаа меѓусебна соработка која би произлегла меѓу странскиот инвеститор и домашните компании. Таа соработка се одвива на два начини- еден е спонтан, на директни контакти меѓу странските компании и домашните, а вториот е со посредство на Владата. Имено, избрана е и листа на компании кои можат да ги постигнат стандардите кои им се потребни на странските инвеститори.

Експертите велат дека влезот на странските инвестиции и нивната соработка со домашните компании, ќе придонесе и за континуиран раст на платите, раст на бруто- домашниот производ пер капита, што е индикатор за стандардот на една земја.