
Програмата вклучува засилување на помошта за либиските власти поточно за либиската крајбрежна стража со цел пресекување на миграцискиот бран, како и финансиска помош за создавање на безбедни кампови за бегалците во земјата. Самите кампови ќе бидат администрирани од либиската Влада, што е поддржана од Обединетите нации.
Вчера, конкретен договор за тоа прашање потпишаа премиерот на Италија Паоло Џентилони и либискиот премиер Фајез ал Сараџ.
ЕУ исто така ќе помага за добороволна репатријација на бегалците кои сакаат да се вратат во нивните земји, и ќе соработува со соседните земји на Либија за подобра контрола на водните патишта.