Лидерите на Европската унија утрово постигнаа договор за миграцијата, по речиси целовечерната расправа, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, без да соопшти детали.
Она што е познато е дека челниците на 28 држави членки договориле воспоставување на заеднички центри за обработка на барањата за азил врз доброволна база и ограничување на движењето на мигрантите во рамките на ЕУ.
Со постигнатиот компромис преовлада спротиставувањето на Италија која го блокираше усвојувањето на сите заклучоци ако не се постигне договорот за миграција.
Заклучоците се мигрантите кои се спасени на море во согласност со меѓународното право, би требало да бидат прмени во контролните центри во државите членки. Тие центри би се воспоставиле во оние држави кои тоа го сакаат, единствено на доброволна основа.Во тие центри, кои ќе имаат целосна подршка од ЕУ, ќе овозможи разделување на мигрантите од оние кои ќе бидат вратени, од оние кои им е потребна меѓунардона заштита.
Лидерите исто така договорија засилување на надворешните граници и поголеми финансиски средства за Турција, Мароко и други северноафрикански држави поради спречување на нелегалната миграција кон Европа.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте изрази задоволствво и рече дека „Италија веќе не е сама“.
Беа тоа долги преговори, но задоволни сме. Договорениот компромис го вклучува принципот сите бродови да мораат да ги почитуваат законите, знали и невладините организации, да не се мешаат во операциите на крајбрежната стража на либијскиот брег, изјави Конте.