Лидерите на Г7 решителни во намерата да ја „спречат победата на Путин“ во Украина

EPA/MATTHIAS HIEKEL

Челниците на седумте најразвиени западни земји во светот – САД, Јапонија, Канада, Германија, Велика Британија, Франција и Италија, во заедничката објава од неделата по виртуелниот самит истакнуват дека се решителни и единствени во намерата да ја „спречат победата“ на Русија во конфликтот со Украина.

„Групата на седумте и Украина се обединети во ова тешко време и во својот стремеж да обезбедат демократска, просперитетна иднина за оваа земја. Остануваме обединети во нашата решеност да ја спречиме победата на претстедателот (на Русија, Владимир) Путин во неговата војна против Украина“, се истакнува во соопштението,

Челниците на Г7 во текот на виртуелниот состанок со украинскиот претседател ја изразиле својата подготвеност да продолжат со поддршката на Украина.

„Ни претставуваше чест што ни се приклучи украинскиот претседател Владимир Зеленски. Го уверувме во нашата целосна солидарност и поддршка за одбраната на Украина“, се додава во објавата.

Челниците посочуваат дека се залагаат за зачувување на суверенитетот и територијалната целост на Украина, на нејзината „просперитетна и демократска иднина во меѓународно признатите граници“.

„Украина стапи во разговори со меѓународните партнери за безбедносните механизми за повоеното меѓународно решение“, стои во продолжение на документот.

Лидерите на земјите од Г7, исто така, ги повикуваат приватните компании „да не ѝ обезбедуваат средства“ на Русија. „Угледните приватни компании не треба да му овозможуваат приходи од своите ативност на рускиот режим или на неговите подружници преку коишто се снабдува руската воена машинерија“, се додава.

Земјите од Г7, исто така, ќе воведат дополнителни санкции против руските банки важни за финансискиот систем на Русија. Во објавата се тврди и дека наводно „способноста на Русија да ја финансира својата агресија е веќе поткопана“.

„Ќе преземеме чекори за да забраниме или на друг начин да го спречиме обезбедувањето клучни услуги од кои зависи Русија. Тоа ќе ја зголеми изолацијата на Русија во сите сектори на нејзината економија“, велат во заедничката изјава лидерите на седумте западни земји коишто, освен Јапонија која тесно воено соработува со САД, сите членки на НАТО.

Финансиска помош за Украина

Г7 ќе ја прошират заедничката кусорочна финансиска поддршка за Украина и ќе работат на нејзиното долгорочно закрепнување.

„Заедно со меѓународната заедница, ние Г7 обезбедивме и ветивме дека ќе обезбедиме дополнителна поддршка од почетокот на војната повеќе од 24 милијарди долари дополнителна поддршка во текот на 2022 година и подоцна, и во финансиски и во материјални средства. Следните седмици ќе ја зголемиме нашата севкупна кусорочна финансиска поддршка за да ѝ помогнеме на Украина да ги затвори дупките во финансирањето и осигурувањето услуги за населението. Истовремено со украинските власти и меѓународните финансиски институции ќе ги проучиме опциите за поддршка на долгорочното закрепнување и реконструкција“, се вели во документот.

Седиммината оценуваат дека конфликтот во Украина претставува и „сериозна закана за сигурноста на снабдувањето со храна во светот“. Во тој конетекст ја повикуваат Русија „да не го попречува“ производството и извозот на прехранбени производи од Украина, цвелејќи дека во спротивно тоа ќе се смета за „напад врз светскиот прехранбен систем“.