Меѓународните лидери на терористичката организација Хамас со седиште во Газа, наводно, ги оставиле своите луксузни живеалишта во Катар и се преселиле во Турција, според извештајот во неделата вечер на КАН Њуз.
Терористичките власти, наводно, го направиле овој потег „во последните денови“, објави медиумот, цитирајќи неименуван израелски функционер.
Не е јасно дали преселбата во Турција е поттикната од неодамнешната објава на Катар дека ја прекинува улогата на посредник во разговорите за ослободување на заложниците, порака која му беше пренесена на раководството на Хамас заедно со веста дека повеќе не се добредојдени во Доха.
Хамас постојано одбива да се придвижи кон каков било компромис за своето барање за предавање на Израел и целосно отстранување на сите израелски сили од Газа, враќање на Хамас на власт во енклавата, целосен, постојан прекин на огнот, ослободување на терористите од Газа од израелските затвори и обнова на сè што е уништено во војната – сето тоа треба да се случи пред враќањето на заложниците киднапирани на 7 октомври 2023 година.
Овој потег се очекува да има барем одредено влијание врз преговорите за ослободување на 101-от киднапиран што сѐ уште ги држи терористичката организација во Газа и прекин на огнот, објави КАН Њуз.
Меѓу оние кои сѐ уште се држат има најмалку 50 заложници кои не го преживеале киднапирањето и заробеништвото, според неодамнешните разузнавачки проценки. Повеќе од десетина други, живи и починати, беа спасени преку воени операции во Газа во текот на изминатата година. Уште околу 100 беа ослободени со привремениот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во ноември минатата година (2023), еден месец откако терористичката организација ја започна својата ужасна инвазија на Израел, убивајќи најмалку 1.200 луѓе и киднапирајќи уште 251. Уште четири лица – вклучително и телата на двајца војници на ИДФ се држени од Хамас во Газа од 2014 година.
Сè уште не е јасно дали целото раководство на Хамас го направило овој потег.
Анкара одамна е пријател на Хамас, терористичка организација создадена од Муслиманското братство, кое е поддржано од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Турскиот претседател минатата недела им објави на новинарите дека неговата земја ги „прекинала сите врски“ со државата Израел.