![1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/1.jpg?resize=696%2C438&ssl=1)
Портпаролот на ИДФ денеска објави докази собрани од израелски војници за време на нивните операции во Газа и обработени од Одделот за разузнавање на ИДФ. Откриените документи покажуваат значителни разлики меѓу стандардот на живеење на просечниот жител на Газа и раководството на Хамас.
Во текот на копнената операција во Газа беа запленети бројни документи кои покажуваат колку раководството на Хамас е исклучено од народот.
Тие вклучуваат сметки за набавки во вредност од приближно двегодишна плата од просечниот жител на Газа.
Во една од рациите, беа фатени пет сметки со името на четвртиот син на Исмаил Ханије, на кои се гледа дека тој купил накит вреден илјадници долари во Газа и во Катар.