Лидерите на опозициските партии на Албанците го прашуваат Ахмети за „милионскиот проект Алумина“ и дали молел кај „меѓународната“ за амнестија на Груевски?!

„Лидерите на опозициските партии Изет Меџити на Демократското движење, Билал Касами на Движењето БЕСА и Африм Гаши на Алтернатива преку објави на општествените мрежи, како да беа заемно координирани, му упатија јавно различни јавни прашања на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поврзани со неодамнешните измени во Кривичниот законик.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.

Алмакос пишува: Изет Меџити праша: „Дали е вистина дека ќе му биде вратен на Никола Груевски пасошот следната недела, бидејќи со измените во Кривичниот законик тој автоматски се ослободува од одговорност за случаите „ТНТ“ и „Траекторија“, додека за другите дела, за кои е осуден, ќе му се дозволи повторување на кривичната постапка?“

Лидерот на Беса Билал Касами го прашува првиот интегративец Ахмети: Дали  „милионскиот проект Алумина“ е она што ја поврзува старата политичка гарда во Р*М, составена од Али Ахмети, Артан Груби, Никола Груевски и Сашо Мијалков, со кумот Исмаил Јаоски – Пуцко Петрол?

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши му упатува прашање на Али Ахмети дали молел некои од претставниците на меѓународната заедница во текот на една средба во Скопје да дозволат амнестија на Никола Груевски?!

Досега нема никаков одговор на овие прашања од ДУИ и Али Ахмети.