Лидерката на француската крајна десница Ле Пен сака „разијдување“ со германската AfD

Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен во средата изјави дека нејзината партија сака „разијдување“ со германската крајно десничарска суверенистичка и евроскептична Алтернатива за Германија (AfD), сугерирајќи дека германската партија станала премногу „штетен сојузник“ пред изборите за Европскиот парламент во јуни.

Во радиското интервју Ле Пен ја обвини AfD дека е „без кормилар“ и под влијание на „нејзините радикални елементи“.

„Беше итно неопходно да се воспостави санитарен кордон. AfD оди од провокација во провокација. Веќе не е време да се дистанцираме, време е да се разделиме со ова движење“, изјави Ле Пен за радиото Europe 1.

Разделбата доаѓа откако AfD, која стана втората најпопуларна партија во Германија пред локалните и европските избори оваа година, е ставена под силен лупа од страна на мејснитрим медиумите и безбедносните служби со кои раководат етаблираните германски марии обвинувајќи ја за нејзините политики и однесувањето на нејзините високи членови.

Разијдувањето со Националниот собир (RN), преименуваната партија со којашто Ле Пен сигнализираше дистанцирање од радикалните политики, може да го загрози обидот на крајната десница да има силен настап на европските избори и да изврши дополнителен притисок врз AfD откако нејзината популарност во предизборните анкети почна да паѓа минатата седмица.

Ле Пен ги даде своите коментари еден ден откако RN, која води на анкетите за европските избори во Франција, објави дека повеќе нема да соработува со AfD во Европскиот парламент.

Во интервју објавено на крајот на минатата седмица, водечкиот кандидат на AfD на европските избори, Максимилијан Крах, за италијанскиот весник La Repubblica изјави дека „не сите луѓе на SS биле криминалци“.

SS или „Шутзштафел“ беше главната паравоена организација на Нацистичката партија на Адолф Хитлер, која, покрај нејзините многубројни улоги, имаше голема улога во холокаустот, Славјаните и други групи прогонувани од нацистите. Интересно, потомци токму на оваа единици денеска, како и со децении наназад, заземаат високи функции во германската политика.

AfD не одговорил веднаш на барањето на Reuters за коментар, но германската јавна (државна) телевизија ZDF во средата наутро објави дека Крах го напуштил раководството на партијата.

Против AfD во Германија, исто така, се организираат улични протести откако нејзини високи членови присуствуваа на состанокот на кој се разговараше за можна депортацијата на државјани родени во странство од што AfD се дистанцираше, како и обвинувањата дека таа наводно е засолниште кинески и руски агенти.

Германскиот суд минатата семица објави дека безбедносните служби можат да продолжат да ја следат AfD како потенцијална екстремистичка партија. Поддржувачите на партијата, пак, одговараат дека тоа е реакција за задушување на заштитата на германските суверени интереси.

Крајно десничарските партии во Европскиот парламент во моментов се поделени на Европски конзервативци и реформисти (ERР), чиј де факто лидер е италијанската премиерка Џорџа Мелони, и група „Идентитет и демократија“ (ID), предводена од француската RN.