Челникот на Националниот фронт на отпорот (NFR) во северната авганистанска провиција Панџшир, Ахмад Масуд, повика во понеделниот на сеопшто востание против Талибаните во Авганистан, пренесува германската новинска агенција DPA.
„Наши сонародници, каде и да се наоѓате, надвор или во земјата, ве повикуваме да започнете сеопшто востание во името на честа, слободата и гордоста на нашата татковина“, изјавил Масуд во аудио-порака којашто фронтот на објави во понеделникот.
Масуд рекол дека луѓето може да се борат во секоја можна форма, со оружје или со протести, и дека Фронтот ќе стои покрај нив до последниот момент.
„Секој нека се спротиставува како што може и гласно да викен – никогаш нема да го прифатиме понижувањето“, го цитира агенцијата.
Масуд притоа не ги коментирал тврдењата на талибаните дека го заземале речиси целиот Панџшир, провинцијата кон Таџикистан во која се концентрирани обединетите сили на локалните етнички милиции и остатоците од разбиените владини безбедносни сили и специјалните сили, кои ги предводи поранешниот авганистански потпреседател Амрула Салех.
Талибаните и движењето на отпорот деновиве даваат спротиставени информации за супесите во Панџшир. Според првите, заземен е провинцскиот центар и најголемиот дел од покраината, додека според вторите талибанските борци се потиснати целосно од неа.
Панџшир е една од 34-те покраин во Авганистан кои талибаните не успеаја да ја стават под своја контрола откако со секавичната офазива во август речиси без никакво отпор паралелно со повлекувањето на американските и сојузничките сили ја заземаа целата земја, а на 15-ти август ја преземаа контролата и врз главниот град Кабул.
Станува збор за планинска провинција северно од Кабул и тешко присапните предели и долини се предност во одбраната за антиталибанските борци.