Во четвртокот руската делегација разговараше со привремениот претседател на Буркина Фасо, Ибрахим Траоре, на средба на која беше вклучена и темата за можна воена соработка, се наведува во соопштението за печатот од претседателството на Буркина Фасо.
Посетата, предводена од рускиот заменик-министер за одбрана Јунус-Бек Евкуров, како што е наведено, претствува продолжение на разговорите меѓу Траоре и рускиот претседател Владимир Путин на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург во јули.
Односите меѓу Москва и западноафриканската земја предводена од воената хунтата се во центарот на вниманието, откако од Буркина Фасо во февраураи беа протерани француските војници под обвинение за секасуални злоставувања и за соработка со џихадистичките бунтовници во регионот на Сахел, поттикнувајќи шпекулации дека ќе ги продлабочи безбедносните врски со Русија како и соседно Мали, каде што дејствуваат руската приватна воена формација „Вагнер“.
На состанокот се разговарало за „областите на соработка (кои) првенствено се однесуваат на воениот домен, вклучително и обуката во Русија на кадети, офицери и пилоти од Буркина“, се вели во соопштението.
Нема информации али руски воени инструктори ќе бидат испратени во Буркина Фасо.
Посетата би можела да биде дополнителен знак дека Москва се обидува да го зајакне своето влијание во Африка по смртта на шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој изгради мрежа на интереси во неколку африкански земји и пошироко преку својата паравојска, пишува Reuters.