Лидерот на демократите во Сенатот повика да не се обвинуваат Коми и Русија за поразот на Клинтон

© AFP 2017 / Jewel Samad

 

Во поразот на Хилари Клинтон на ланските американски претседателски избори виновни се самите демократи а не Русија, смета челникот на малцинството на Демократската партија во Сентот, Чак Шумер, во интервјуто за весникот The Washington Post.

„Кога ќе загубиш од оној чијашто популарност се проценува на 40 отсто, не може да биде обвинуван некој друг не можеш да го обвинуваш Коми или Русија, треба да се обвиниш себеси“, вели меѓу другото Шумер.

„Луѓето не знаеја за што се залагаме. Тие знаеја само дека сме против Трамп“, истакнува демократскиот конгресмен појаснувајќи ја една од причините за неочекуваниот пораз на претседателските избори во САД во ноември 2016 година на поранешната прва дама и државна секретарка Хилари Клинтон.

Во мај по долго молчење во јавноста Клинтон за поразот од републиканскиот претседателски кандидат Дпналд Трамп, ги обвини од вториот сменетиот поранешен директор на Федералното биро за истраги (FBI) Џејмс Коми и истекувањето на доверливата преписка на нејсината Демократска партија преки сајтот на WikiLeaks.

Според Клинтон „таа била на пат кон победата“ сѐ додека директорот на FBI на 28 октомври, нецели три седмици пред гласањето, не го извести Конгресот за обновувањето на истрагата за користењето на нејзината приватна електронска пошта за службената преписка во периодот додека таа беше државна секретарка од 2009 до 2013 година, што е недозволиво според американските закони. Набрзо Коми повторно го извести Конгресот дека ја затвора истрагата без да подигне обвинение по советот на тогашната државна обвинителка, но Клинтон смета дека штетата веќе ѝ била нанесена.

Клинтон, исто така, ја обвини Москва за наводното хакирање на приватната електронска пошта на шефот на нејзината кампања Џон Подеста чијашто преписка со видни членови на Демократската партија и сопственици и уредници на влијателни американски медиуми во врска со нејзината изборна стратегија во однос на нејзиниот партиски противкандидат за номинацијата како и за Трамп.

Претседателот Трамп уште своевремено ваквите изјави на Клинтон и демократите ги нарече „лажен изговор“ за да се оправда поразот на претседателските избори.