Лидерот на германската еврејска заедница порача дека Ердоган не е партнер на Берлин

Претседателот на германскиот Централен еврејски совет, Јозеф Шустер, во средата изјави дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган не го гледа како легитимен политички партнер на Германија.

„Секој кој не само што го негира правото на Израел да постои, туку активно се противи, не смее да биде партнер во германската политика“, изјави Шустер за медиумската група RND пред планираната посета на Ердоган на Берлин во петок.

„Сојузниот канцелар мора да ја искористи посетата на турскиот претседател за да му стави јасно до знаење на Ердоган дека неговата квалификација за теророт од Хамас нема да биде прифатена под никакви околности“, рече еврејскиот челник.

Турскиот претседател, кој неодамна го доведе во прашање легитимитетот на Израел, треба да пристигне во петок во Берлин. Тој неодамна изрази силна поддршка за Хамас, нарекувајќи го ослободително движење.

Хамас и другите милитантни групации започнаа ненадеен без преседан коордуниран, масовен и брутален напад во јужен Израел на 7-ми октомври, продрувајќи во пограничните воени бази, кубуци и градови при што беа убиени околу 1.200 луѓе, од кои две третини се цивило на разна возраст од деца до старци и земајќи околу 240 заложници, по што израелската војска возврати со масивни бомбардирања и копнена инвазија на палестинската енклава Појасот Газа при што се убиени над 11.000 Палестинци од кои над 4.600 се деца.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го покани турскиот лидер да го посети откако тој беше реизбран на функцијата во мај во мај годинава. Во Германија живее повеќемилионска турска заедница. Шолц веќе изјави дека има намера да ги реши несогласувањата на Германија со Турција околу војната во Газа.

Ирене Михалиц, секретарка на пратеничката група на Зеленте во Бундестагот, во средата рече дека во овие тешки моменти е особено важно да се продолжи дијалогот, вклучително и оној со Турција. Сепак, мора да биде јасно дека е неприфатливо да се минимизира теророт на Хамас или да се фрли сомнеж врз правото на Израел да постои.

„Се разбира, очекуваме многу јасни зборови од сојузниот канцелар, но и од сојузниот претседател“, рече Михалиц, додавајќи дека тие мора јасно да му кажат на Ердоган „на кои ставови е Германија и дека таквите изјави се неприфатливи“.

Покрај со канцеларот Шолц, предвидено е Ердоган да се сретне и со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.