Лидерот на германските социјалдемократи и натаму скептичен за испраќање тенкови во Украина

Еден од двајцата челници на владејачките германски социјалдемократи, Ларс Клингбејл, порача во неделата дека и натаму е скептичен кон барањето за снабдување на Украина со германските тенкови „Leopard“ без координација меѓу сојузниците во рамките на НАТО.

„Ниедна земја не испорачува борбени тенкови кои се толку тешки како Leopard 1 и Leopard 2“, рече Клингбејл во интервјуто дадено во саботата за телевизиите RTL/Ntv.

Истакна дека рускиот претседател Владимир Путин презема „исклучително брутални“ акции во Украина и дека веќе подолго време дека западните земји како што е Германија со големата воена помош во оружје и обука се директни страни во војната.

„Во таа смисла исправно е што Американците, Французите, но и ние како германска сојузна влада, секогаш одново ја одмеруваме нашата вмешаност во оваа земја“, рече Клингбејл.

За германската влада секогаш било важно да не е осамен во пружањето воена помош на Украина,  додаде Клингбејл.

Социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ќе му даде на Киев 40 борбени возила „Marder“ и батерија на ракетниот систем „Patroit“, по повеќемесечното противење на украинските барања и покрај жестоката дискусија по таа тема во Германија.

Таа одлука заедно ја објавија Берлин и Вашингтон пред повеќе од два месеца, откако Шолц разговараше со американскиот претседател Џо Бајден. Портпаролот на германскиот Министерски кабинет, Штефан Хебештрајт во петокот извести дека станува збор за испорака на 40 оклопни возила „Marder“.

Меѓутоа, Шолц никогаш не ѝ вети на Украина тенкови „Leopard“, иако во неговата трипартиска владина коалиција Зелените притискаат во таа насока.

Франција неодамна рече дека ќе ѝ испорача на Украина извидувачки оклопни возила, опишувајќи ги како „лесни тенкови“.

„Испораката на оклопните транспортери е сигнал дека Западниот сојуз дејствува во тесна координација и продолжува да ја поддржува Украина“, рече Клингбејл во одвоено интервју за Redaktionsnetzwerk Deutschland (RND).

Дури 49 отсто од Германците сметаат дека е погрешна одлуката на владата во Берлин да ѝ ги испорача на Украина пешадиските борбени возила „Marder“, покажува во неделата објавената во весникот Bild објави анкета која ја спровел за него институтот INSA. Истовремено, одлуката ја поддржуваат 40 отсто од испитаниците.

Истовремено, според истото истражување, 38 отсто од Германците веруваат дека Германија треба да испорача тешки борбени тенкови на Украина, додека против се 50 отсто од испитаниците.