Лидерот на Хамас е во Истанбул на средба со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во саботата престојува во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.

Во петокот Ердоган ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел.

„Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.

Ердоган и Ханија ќе разговараат за војната во Појасот Газа, соопшти палестинскот милитантно движење Хамас.

Ханија пристигна во Истанбул во петокот вечерта предводејќи ја делегацијата на неговото движење.

Турската метрпола, инаку е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, Ханија официјално бил таму само еднаш, во јануари.

Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор. Во сабота Фидан ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.

Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана настрана во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.

Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога како посредник во разговорите за прекин на огнот и ослободување на израелските заложници.