Лидерот на Хезболах вети одмазда за израелското убиство на командантот Шукр

Челникот на моќното либанско шиитско движење Хезболах, Хасан Насрала, во четвртокот дека ќе следи одговор на израелското убиство на високо позиционираниот борбен командант на движењето, велејќи дека деценискиот непријател сега ја „минал секоја граница“.

Во израелски воздушен ракетен напад врз јужно предградие на либанската престолнина Бејрут, каде се наоѓаат канцелариите на политичкото и на военото крило на Хезболах, ноќта во вторникот беше убиен борбениот командант Фуад Шукр, и според израелски извои и ирански воен советник, а според либанските извори уште пет цивили, од кои една е жена и две мали девојчиња.

Израел се фали дека станува збор за „најтешкиот удар“ во двете децении постоење на шиитската милиција која е поддржана од Иран. Меѓутоа, се предупредува дека ќе следува одмазда од јужната граница на Либан кон израелската територија, паралелно со војната во Појасот Газа, што би можело да се претвори во поширок регионален судир.

Насрала, во говорот одржан на погребната церемонија на убиениот командант, порача дека судирот влегол во „нова фаза којашто се разликува од претходната“ и дека Израел ги „минал сите граници“ со нападот врз седиштето на движењето.

Истакна дека некои држави, кои не ги наведе, од Хезболах барале да возврати „но на прифатлив начин“ или воопшто да не возвраќа. Меѓутоа, Насрала рече дека тоа би било „невозможно“ движењето да не одговори на нападот.

„Во овој момент нема дискусии. Единственото нешто што стои меѓу нас и вас се деновите, ноќите и бојното поле“, порача Насрала мислејќи на Израел.

Рели дека последните два дена Хезболах ги намалил активностите во знак на почит кон жртвите во израелскиот напад, но дека „на работите ќе им се вратат уште од утре наутро“, иако рече дека одмаздата за убиството на Шукр ќе следи подоцна на место, во време и на начин за кои ќе одлучи движењето.

Само неколку часа по убиството на Шукр, во иранската престолнина Техеран во напад кој му се припишува на Израел а кој досега не ја потврди својата вмешаност, беше убиен водачот на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханија.

Насрала истакна дека сите оние коишто сакаат да спречат регионот да се најде во вителот на уште поголем судир мора да работат на прекин на огнот во Газа. „Тука единственото решение ќе биде прекин на агресијата врз Газа“, рече политичкиот лидер на Хезболах.

Шиитски Хезболах и сунитски Хамас во блискоисточните војни многу често беа на различните страни, па дури имаше и меѓусебни судири. Меѓутоа, заедничко им е крајната нетрпеливост и непријателство кон Израел, а по војната од ланскиот октомври се сметаат за делови од ткн „силите на отпорот“.