Лидерот на сириските Курди уапсен во Прага по барање на Турција

Главната курдска политичка партија во Сирија објави во неделата дека еден од нејзините челници е уапсен во чешката престолнина Прага по барање на Турција каде што судот го прогласил за вионовен за бунт.

„Истакнатиот курдски политичар Салех Муслим ги има сите граѓански права како државјанин на Сирија и во Европа замина на службено патување“, објави неговата партија PYD.

Партијата во соопштението ја обвинува Турција за „барање апсења на поединци кои не се нејзини државјани.. без правни оправдувања“.

Турција од 20-ти јануари покрена воена офанзива врз курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) во северозападна сириска покраина Африн на границата со Турција. Милицијата YPG е воено крило на партијата PYD, а Анкара го смета за сириско крило на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која во југозападна Турција со децении се пори против турската држава.

Муслим порано беше член на оваа партија којашто е клучен дел од курдско-арапската коалиција којашто воспостави своја власт врз автономните делови од северна Сирија, како и од областите од кои беше потисната џихадистичката Исламска држава, вклучително и Африн.

Чешката полиција на својот Twitter профил објави дека уапсила 67-годишен маж во Прага на барање на турскиот огранок на Интерпол, но не го објави неговото име.

Турското министерство за правда објави дека побарало екстрадиција на Муслим во Анкара и потврди дека од чешката полиција го побарала неговото апсење. Муслим во Турција е обвинет за „разбивање на државното единство“ и други кривични дела.