Лидерскa трка во првата изборна единица, изненадувања во четворката

Лидерите во Првата изборна единица, потпретседателите во Втората. Најголемите партии ги заокружуваат пратеничките листи.

Дуелот Мицкоски – Ковачевски во Првата изборна единица е официјален и од двете страни. Освен нив, во скопската изборна единица како носители во македонскиот блок веќе се најавија и Димитар Апасиев од Левица и Данела Арсовска од Нова алтернатива. Од албанскиот блок, во единицата неофицијално треба да ги очекуваме Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ и Талат Џафери од ДУИ, иако за таму од името на интегративците се споменува и на Блерим Беџети.

Во втората изборна едница дуелот ќе биде меѓу Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неофицијално Сања Лукаревска, потпретседаталеката во СДСМ.  Во Двојката, би се судриле и Африм Гаши од „Вреди“, со координаторот на пратнечката група на ДУИ Арбер Адеми.

Третата изборна единица носи изненадување во СДСМ. За таму, се споменува името на доскорешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Од ВМРО-ДПМНЕ веќе соопштија дека нивен носител во штипската изборна единица ќе биде пратеникот Драган Ковачки.

СДСМ ќе се обидат со изнандување и во Четвроката. Таму се најавува поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде Александар Николовски.

Петата изборна едница е најмалку позната. Македонските партии се уште не објавуваат имиња. Во албанскиот блок пак, доколку ДУИ влезе во преизбодна коалиција со Зијадин Села, токму тој би бил носител во оваа изборна единица, како противтежа на тоа дека од „Вреди“ носителот ќе биде избран од Таравари.

Тетовско-гостиварската единица ќе биде „женска“ кај македонските партии – Дафина Стојановска за ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска за СДСМ. Од „Вреди“, носител би бил Билал Касами, а од ДУИ Али Ахмети.

Од сите овие имиња само оние на ВМРО-ДПМНЕ се официјални. Во СДСМ велат дека се уште меѓусебно разговараат, а кадрите на опозцијата ги коментираат како веќе видени.

„Кадрите, кандидатите којшто ги даде ДПМНЕ  се тие истите кадри којшто беа на парламентарните избори во 2020 година, на претседателските избори во 2019 година. Кадри којшто нудат изолација, безнадежност, безперспективност, врќање назад, блокади и опструкции…Во делот на кандидатите на СДСМ и коалицијата при крај е внатрепартиската постапка, течат и разговорите со коалицијата и за многу скоро ќе бидат претставени пред јавноста кандидатите“.

СДСМ ќе ја задржи и праксата на коносители на листите.

Партиите ќе треба да ги достават пратеничките листи до ДИК до 2 април.