Германскиот ланец маркети „Лидл“ во земјава ќе инвестира 300 милиони евра, информирa премиерот Зоран Заев, претставувајќи го Интервентниот план за инвестиции.
-„Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје и ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови. „Лидл“ ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи, и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа – рече Заев.