Лидс Јунајтед се избори за решавачкиот меч за влез во Премиер лигата

Откако првиот меч заврши без голови, фудбалерите на Лидс Јунајтед го победија Норич Сити со 4:0, со што изборија пласман во финалето на доигрувањето за пласман во Премиер лигата.

Откако првата средба во Норич заврши без голови, Лидс Јунајтед го декласираше Норич Сити со 4:0 на својот „Еланд Роуд“ и избори пласман во финалето каде што ќе игра со победникот од реваншот меѓу Саутемптон и Вест Бромвич Албион откако првиот натпревар заврши 0:0.

Лидс сега е на само една победа до враќање во Премиер лигата, само една година по испаѓањето.

Домашните поведоа во седмата минута со голот на Илија Груев, на 2:0 зголеми Џоел Пиро во 20. минута, а Жеоржинио Рутер во 40. минута го круниса одличното прво полувреме на Лидс со гол во 40. минута за 3:0. Конечните 4:0 ги постави Крисенсио Самервил во 68. минута.

Финалето на плејофот е закажано за 26-ти мај на лондонскиот „Вембли“.

Лестер Сити и Ипсвич Таун веќе се пласираа во Премиер лигата со освојувањето на првите две места во Чемпионшип, додека Барнли и Шефилд Јунајтед испаднаа од елитната класа, а Лутон Таун речиси сигурно се сели во понискиот ранг.