Играчите на Брајтон, Спортинг, Фрајбург, Вест Хем, Рен, Ливерпул, Марсеј, Тулуз, Славија Прага, Рома и Виљареал се пласираа натаму по натпреварите од 5. коло во Лига Европа во четвртокот вечерта.
Баер Леверкузен обезбеди пласман уште претходно, а во победата на гости кај Хакен (2:0), петти пат по ред, хрватскиот репрезентативец Јосип Станишиќ беше двоен асистент на Виктор Бонифасис и Роберт Шик.
Ливерпул го совлада ЛАСК со мазни 4:0 на „Енфилд“ и обезбеди пласман од групата Е. Стрелци за „црвените“ беа Дијаз, Гакпо и Салах. Од оваа група мина и Тулуз, кој на домашен терен одигра 0:0 со белгискиот Унион.
Виљареал ја обезбеди пролетта со победата на домашен терен над Панатинаикос (3:2). Во групата Г минаа Славија и Рома. Тимот од Прага победи со 3:2 кај Шериф во Молдавија, додека Рома одигра 1:1 кај Сервет.
Во Германија, Фрајбург го надигра Олимпијакос од Пиреја со 5:0 и обезбеди европска пролет, додека за првото место во групата ќе се бори со лондонски Вест Хем, кој победи со 1:0 во Бачка Топола со голот на Томаш Соучек во 89. минута. Австриецот Михаел Грегорич постигна три гола за Фрајбург. Во последното коло Вест Хем го пречекува Фрајбург кој има исто толку бодови.
Англиски Брајтон славеше во Атина кај АЕК со 1:0 и обезбеди европска пролет. Португалецот Жоао Педро погоди за Англичаните од пенал во 55. минута, така што Брајтон првпат ќе дочека европски натпревари и на пролет. Во вториот натпревар од групата, Марсеј го победи Ајакс со 4:3 на својот „Велодром“ и се пласираше натаму.
Аталанта и Спортинг одиграа 1:1 во Бергамо, но двете екипи се пласираа натаму. Џанлука Скамака (23) ги доведе Италијанците во водство, а израмни Маркус Едвардс во 56. минута. Во оваа група во борбата за третото место победи полски Раков со 1:0 кај Штурм во Австрија со голот на Џон Јебоах (82).
Рен го победи Макаби Хаифа со 3:0 во Унгарија и се пласираше од групата Ф, додека Спарта го победи Бетис со 1:0 во Прага.
Група А:
Фрајбург – Олимпијакос 5:0 (4:0)
Бачка Топола – Вест Хем 0:1 (0:0)
1. Фрајбург 5 4 0 1 17:5 12
2. Вест Хем 5 4 0 1 8:4 12
3. Олимпијакос 5 1 1 3 6:12 4
4. Бачка Топола 5 0 1 4 4:14 1
Група Б:
АЕК Атина – Брајтон 0:1 (0:0)
Марсеј – Ајакс 4:3 (2:2)
1. Марсеј 5 3 2 0 14:9 11
2. Брајтон 5 3 1 1 9:5 10
3. АЕК Атина 5 1 1 3 5:9 4
4. Ајакс 5 0 2 3 7:12 2
Група Ц:
Спарта Прага – Бетис 1:0 (0:0)
Ренџерс – Арис 1:1 (0:1)
1. Бетис 5 3 0 2 7:4 9
2. Ренџерс 5 2 2 1 5:4 8
3. Спарта Прага 5 2 1 2 6:6 7
4. Арис Лимасол 5 1 1 3 6:10 4
Група Д:
Аталанта – Спортинг 1:1 (1:0)
Штурм Грац – Раков 0:1 (0:0)
1. Аталанта 5 3 2 0 8:4 11
2. Спортинг Лисабон 5 2 2 1 7:6 8
3. Штурм 5 1 1 3 4:6 4
4. Раков 5 1 1 3 3:6 4
Група Е:
Ливерпул – Линц 4:0 (2:0)
Тулуз – Унион Сент Жилоаз 0:0
1. Ливерпул 5 4 0 1 16:5 12
2. Тулуз 5 2 2 1 6:8 8
3. Униот Ст. Жилоаз 5 1 2 2 3:7 5
4. Ласк Линц 5 1 0 4 5:10 3
Група Ф:
Макаби Хаифа – Рен 0:3 (0:1)
Виљареал – Панатинаикос 3:2 (2:0)
1. Рен 5 4 0 1 11:3 12
2. Виљареал 4 3 0 1 6:5 9
3. Панатинаикос 5 1 1 3 6:8 4
4. Макаби Хаифа 4 0 1 3 1:8 1
Група Г:
Сервет – Рома 1:1 (0:1)
Шериф Тираспол – Славија Прага 2:3 (1:1)
1. Славија Прага 5 4 0 1 13:4 12
2. Рома 5 3 1 1 9:4 10
3. Сервет 5 1 2 2 4:9 5
4. Шериф Тираспол 5 0 1 3 5:14 1
Група H:
Хакен – Баер Леверкузен 0:2 (0:1)
Молде – Карабаг 2:2 (0:1)
1. Баер Леверкузен 5 5 0 0 14:2 15
2. Карабаг 5 2 1 2 5:8 7
3. Молде 5 2 1 2 11:7 7
4. Хекен 5 0 0 5 2:15 0