Фудбалерите на Ливерпул, Рома и Баер забележаа победи на средбите од второто коло од Лига Европа во четвртокот.
Ливерпул на „Енфилд“ со 2:0 го победи белгискиот Унион со тешки маки и води во групата со максимални шест бода. Гравенбех погоди за 1:0 во 44. минута, а Диого Жота го постигна конечниот гол во 92. минута.
Рома на домашен терен го демолираше швајцарскиот Сервет со 4:0. Двоен стрелец беше Пелегрини, а погодија и Лукаку и Белоти.
Баер победи со 2:1 кај норвешки Молде. За „Аптекарите“ погодија Фримпонг и Тељо во првите 18 минути од дуелот.
Макаби Хаифа и Панатинаикос одиграа 0:0. Тулуз го победи ЛАСК со 1:0, а Виљареал на домашен терен го победи Рен со 1:0.