Фудбалерите на Ливерпул беа поразени со 2:3 на гостувањето во Тулуз и со тоа ги загубија првите бодови оваа сезона во Лига Европа, а агонијата на Ајакс продолжи со пораз од Брајтон со 0:2 на домашен терен.
Ансу Фати беше стрелец во 15. минута, а во 53. минута му асистираше на Адингри за победа на англискиот премиерлигаш на „Јохан Кројф Арената“ во Амстердам.
Брајтон привремено се најде на чело на групата Б со седум бода, а Ајакс е на дното со два бода.
Во групата Е, Тулуз го изненади Ливерпул пред своите навивачи совладувајќи го со 3:2. Донум (36), Далинга (58) и Магри (76) беа стрелци за францускиот тим, додека првиот гол за Ливерпул беше автогол на Касерес (74), а Диого Јота (89) го постави конечниот резултат. На Ливерпул му беше поништен гол за 3:3 длабоко во судиското надополнување поради ракомет.
Ливерпул и натаму е прв со девет бодови, а Тулуз се искачи на второто место со седум.
Во вториот натпревар во групата Е, ЛАСК во Линц го победи Ројал Унион СГ со 3:0.
Во групата Х, водечкиот тим на германската Бундеслига практично со победата од 1:0 на гостувањето кај Карабаг обезбеди пласман во осминафиналето. Четвртата победа во исто толку настапи на Баер му ја донесе Бонифас со гол од пенал во судиското продолжение (90+4) на крајот од натпреварот. Карабаг е на второто место со шест бодови и за пласман во осминафиналето ќе се бори со Молде.
Во групата Ф, Рен ја постигна третата победа совладувајќи го Панатианикос со 3:1 пред своите гледачи. Редер (9), Ибрахим Салах (65) и Блас (70-11м) беа стрелци за Французите, а единствениот гол за Грците го постигна Јоанидис (34-11м).
Во истата група Виљареал на неутрален терен на Кипар го совлада Макаби Хаифа со 2:1. Израелскиот тим до пред крајот на натпреварот водеше со голот на Сек, а потоа пресврт направија Баена (83) и Сорлот (87).
Рен е лидер со девет бода, а Виљареал има шест, но со натпревар помалку. Панатиникос е трет со четири бода, а Макаби има еден од три настапи.