Лига Европа: Три победи на гостите и едно реми

Ниту еден домашен тим во првите натпревари во четвртфиналните дуели од фудбалската Лига Еврапа во четвртокот вечерта не успеа да победи, па дури и фаворизираниот Арсенал на својот „Емирејтс“ стадион одигра нерешено со прашка Славија, додека другите три меча завршија со гостински триумфи.

Манчестер Јунајтед ја оправда улогата на голем фаворит против Гранада и оствари сигуран победа од 2:0. Првиот погодок го постигна Маркус Рашфорд во 31 минута по долгото проигрување од Линделоф, а конечниот резултат го постави Бруно Фернандеш од пенал во 90 минута.

Загрепски Динамо, за кој настапија македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, на својот „Максимир“ беше поразен со 0:1 од шпанскиот претставник Вилјареал. Динамо, кој претходно го елиминираше големиот фаворит за титулата лондонски Тотенхем, не играше подредена улога но пресуди голот на Жерард Морено постигнат од пенал во 44 минута.

Рома во Амстредам го совлада Ајакс со 2:1, иако домаќинот поведе во 39 минута преку Класеен кој ефектно ја заврши акцијата во која комбинираше со Тадиќ. Домашните имаа одлучна можнот во 53 минута да го удвојат водството, но Тадиќ не реализираше пенал, а веќе во 57 минута „Волчицаа“ по големата грешка на домашниот голман Шерпен ми овозможи на Пелегрини од слабо изведениот слободен удар да го израмни разултатот. Целосниот пресврт го направи Ибанез со убавиот гол во 87 минута, по изведениот коренр.

Арсенал и Славија во Лондон одиграа без победник 1:1, а двата погодока беа потигнати во финишот. „Топчиите“ поведоа во 86 минута со голот на Пепеод брз противнапад откако гостите од Прага изведоа корнер, но во четвртата минута од судиското продолжение израмни Холеш кој најдобро се снајден во мешаницата пред домашниот гол.