Во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на англиската фудбалска лига, Ливерпул со пресврт го совлада Фулам со 2:1 на својот „Енфилд“.
Гостите поведоа во 19. минута со голот на Вилијан, но „црвените“ во вториот дел, откако Јирген Клоп во игра воведе неколку првотимци, го свртеа резултатот, а стрелци беа Кертис Џонс во 68. и Коди Гакпо во 71. минута. Дарвин Нуњез асистираше за двата погодока.
Реваншот е на 24-ти јануари во Крејвен Котиџ.
Во втората полуфинална двојка, второлигашот Мидлсброу во вторникот го победи лондонски Челзи со 1:0. На натпреварот одигран на стадионот „Риверсајд“, единствениот гол го постигна Хејден Хекини во 37. минута по одличната акција на домашните.
Иако гостинскиот тим беше надмоќен по сите статистички показатели, не успеаја да постигнат гол кој би им ја олеснил работата на избраниците на Маурисио Покетино во реваншот кој ќе се игра на 23-ти јануари на „Стемфорд Бриџ“.