
Во последниот натпревар од третото коло на англискиот Лига куп, фудбалерите на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ја победија Астон Вила со 4:2.
Тоа беше делумна „одмазда“ на Јунајтед за поразот од овој противник пред неколку дена кога клубот од Бирмингем како домаќин победи со 3:1 во првенството.
На Астон Вила и овојпат се закани со нова победа бидејќи водеше со 1:0 и 2:1, а интересно е што сите шест гола беа постигнати во вториот дел. Стрелци за Астон Вила беа Воткинс во 48 минута, додека Диого Далот си постигна автогол во 61 минута.
За Манчестер Јунајтед, Марсијал во 49 израмни на 1:1, Рашфорд во 67 донесе ново израмнување на 2:2, додека Бруно Фернандеш и Мектоминај со головите во 78 и 91 минута ја обезбедија победата на домашните.
Лига куп, 3-то коло, четврток: Манчестер Јунајтед – Астон Вила 4:2
Среда: Арсенал – Брајтон 1:3, Њукасл – Кристал Палас 0:0, пенали 3:2, Нотингем Форест – Тотенхем 2:0, Саутемптон – Шефилд Венсдеј 1:1, пенали 7:6, Вест Хем – Блекбурн 2:2 , пенали 11:12, Вулверхемптон – Лидс 1:0.
Вторник: Бурнмаут – Евертон 4:1, Бристол – Линколн 1:3, Барнли – Кроули 3:1, Лестер – Њупорт 3:0, Милтон КД – Моркамб 2:0, Стивениџ – Чарлтон 1:1, пенали 5:6, Брентфорд – Гилингем 1:1, на пенали 6:7