Фудбалската репрезентација на Македонија со победа во саботата ја започна новата сезона во Лигата на нации, а годинава во Лигата Ц во Групата 2, Македонија со Скопје ја победи Ерменија со 2:1 (2:0).
Дуелот започна со гол во раната фаза од играта за Македонија, кога Ељиф Елмас по несмасниот старт на Харојан избори пенал во 5 минута, стрелец беше Ерзан Алиоски.
По примениот гол Ерменците ја презедоа играта, иако избраниците на Ангеловски се заканија преку Николов и Барди.
Во 38 минута Хамбарџумјан го фаулириаше Елмас, а судијата од БиХ уште еднаш покажа на белата точка. Пеналот го реализираше Несторовски. Во финишот на полувремето за Ерменија не реализираше Карпетјан.
Ерменците беа подобри во вториот дел. Опасно се заканија барсегјан и Бабајан по голот на Шиковски, а во 78 минута голема шанса не реализираше Григоријан. Во судиското надополнување на времето Бријаско имаше шанса за Ерменија, а во претходниот напад Трајковски за Македонија.
На истекот на натпреварот Ермениците изборија пенал, а Барсегјан го постави конечниот резултат.
Натпреварот со Ерменија и оној во вторник против Грузија се последните две проверки за Македонија пред баражот идниот месец со Косово за пласман на Европското првенство.