Лига на нациите: Реми на БиХ со Италија во Фиренца

Italy, 4 September 2020ANSA/CLAUDIO GIOVANNINI

Во натпреварите на најсилната Лига А во Лигата на нациите Италија и Босна и Херцеговина во Фиренца одиграа 1:1, додека Холандија славеше дома против Полска со 1:0.

БиХ во Фиренца стави крај на извонредниот успе на новиот италијански селектор Роберто Манчини од 11 победи од исто толку натпревари. Напаѓачот на Рома, Един Џеко во 57 минута ја доведе БиХ во водство по изведен корнер, а Италијанците израмнија во 67 минута преку Сенси.

Голот на Стивен Бергвијн во 61 минута ја донесе победата на Холандија над Полска на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам. Холанѓаните се минатогодишни финалисти на Лигата на нациите, а од клупата сега ги предводеше Двајт Лодевегес, кој го замени Роналд Куман кој замина во Барселона.

Во Лигата Б, Астрија со 2:1 славеше на гостувањето кај Норвешка, а Чешка во соседската пресметка кај Словачка со 3:1. Романија одигра само 1:1 со Северна Ирска дома, иако поголемиот дел од натпреварот имаше предност од играч повеќе, а Шкотска и Израел одиграа со идентичен резулат.

Во Лигата Ц, Литванија на домашен терени беше победена од Казахстан со 0:2, а со ситиот резултат Албанија во Минск ја совлада Белорусија.

ЛИГА А

ИТАЛИЈА – БиХ 1:1

ХОЛАНДИЈА – ПОЛСКА 1:0

 

ЛИГА Б

НОРВЕШКА – АВСТРИЈА 1:2

РОМАНИЈА – СЕВЕРНА ИРСКА 1:1

ШКОТСКА – ИЗРАЕЛ 1:1

СЛОВАЧКА – ЧЕШКА 1:3

 

ЛИГА Ц

БЕЛОРУСИЈА – АЛБАНИЈА 0:2

ЛИТВАНИЈА – КАЗАХСТАН 0:2