Лига на нациите: Шпанија преку Италија во финалето против Хрватска

Селекцијата на Шпанија со 2:1 ја совлада Италија во полуфиналето на Лигата на нацијата со 2:1, и во недела во финалето ќе игра против Хрватска.

Головите за „Црвената фурија“ ги постигнаа Јереми Пињо во 3 и Хоселу во 89 минита, а за „Аѕурите“ стрелец од пенал во 11 минута беше Чиро Имобиле.

Во медитеранското дерби Шпанците заслужено славеа, а според прикажаното на теренот се добива впечаток дека нејзините играчи повеќе го посакуваа пласманот во финалето отколку Италијанците.

Уште во третата минута Шпанците ја искористија несфатливата ноншалантност на најискусниот италијански фудбалер Леонардо Бонучи, кој прво ја загуби топката а потоа без доволно интензитет тргна да ја одземе, па напаѓачот на Вилјареал, Јереми Пиња, лесно го совлада Џанлуиџи Донарума.

Но шпанското водство траеше само осум минути, а Италијанците израмнија од пеналот кој беше досуден откако дебитантот Робин Ле Норманд непотребно играше со рака во својот шеснаесетник. Сигурен резлизатор од белата точка беше Имобиле.

По двата погодока во првите 11 минута се очекуваше спектакл, но мечот се претвори во приспивна, за што сведочи и дека Италијанците исклучително невообичаено за нив во првото полувреме направија само еден единствен прекршок.

Во 48 минута нафрлувањето на Асенсио, играчот на Реал Сосиедад, Микел Мерино од близина го погоди голманот Донарума, а во продолжението од акцијата Алваро Мората ја испрати топката покрај стативата. Во 65 минута напаѓачот на Сасуоло, Давиде Фратеси потполно осамен и од пет метри шутираше но неговиот обид со одлична интервенција го спречи голманот Унаи Симон.

И кога се чинеше дека мечот ќе оди во продолжение, Шпанците поведоа со 2:1. По големата мешаница во италијанскиот шеснаесетник, топката што ја уфрли Родри во мрежата ја скршна напаѓачот на Еспањол, Хоселу.

Преходно во средата Хрватска по продолженијата ја совлада со 4:2 селекцијата на домаќинот на завршниот турнир Холандија.

Во недела во 15 часот за бронзата ќе играат Холандија и Италија, а во 20,45 часот во Ротердам ќе се сретнат Хрватска и Шпанија.