Лига на нациите: Унгарија ја победи Англија по 60 години

Puskas Arena in Budapest, Hungary, 04 June 2022. EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Фудбалерите на Унгарија славеа во првото коло од новото издание на Лигата на нациите во Будимпешта против Англија со 1:0, со што на почетокот на ова континентално натпреварување порази претрпеа сите четири првопласирани репрезентации од последното Светско првенство, откако во петокот загубија, и тоа сите на домашен терен, Франција, Белгија и Хрватска.

На Унгарците никој не им даваше шанси во ткн „група на смртта“, односно Групата 2 во Лигата А, во која покрај нив се и Англија, Германија и Италија. Меѓутоа, поради казната на УЕФА, на испразнетиот стадион „Ференц Пушкаш“ на кој можеа да присуствуваат само до 30.000 децапокажаа дека ќе бидат тежок противник.

Голот од пеналот во 64 минута на Доминик Шобошлаи ѝ донесе победа на Унгарија од 1:0 над Англија, што е првата откако во 1962 година славеше со 2:1 во групната фаза од тогашното светско првенство.

Во саботниот попладневен термин во Групата 1 од Лигата Б, селекцијата на Ерменија на домашен терен ја победи со 1:0 а погодокот во 74 минута по соло продор го постигна играчот на руски Краснодар, Едуард Спертсјан

Вториот натпревар во оваа група се игра на 21-ви септември, меѓу Шкотска и Украина, поради тоа што Украинците во недела играа за пласман на годинешното светско првенство во Катар во Кардиф против Велс.

Финска и БиХ во Лигата Б во Хелсинки одиграа 1:1, а гостите се спасија од пораз во судиското продолжување на мечот. Теему Пукки од пенал во последните секунди на првиот дел ѝ донесе водство на Гинска, а во 93 минута за гостите израмни играчот на белгиски Еупен, Смаил Превљак. Во оваа група уште се и Романија и Црна Гора.

Во Лигата Ц, Луксембург со головите на Синани во 44 и 78 минута во Вилнус ја совлада со 2:0 домашната Литванија.