Лига на шампионите: Манчестер Сити подобар со 4:3 во одличната престава со Реал Мадрид

Неверојатен прв полуфинален натпревар во Лигата на шамионите одиграа во вторникот вечерта Манчестер Сити и Реал Мадрид, а на крајот на својот „Итихед“, „Граѓаните“ славеа со 4:3.

Од самиот почетокот, од втората минута на натпреварот Сити беше во постојана предност, имаше водства од 2:0, 3:1 и 4:2, но Реал постојано се враќаше и ги намалуваше заостанувањето на еден гол, што навесува уште еден одличен удел во реваншот во Мадрид кој ќе се игра следната среда, на 4-ти мај.

Натпреварот почна одлично за Манчестер Сити бидејќи веќе во втората минута домашните поведоа. Ријад Марез мина неколку гостински играчи и одлично нафрли пред противничкиот гол каде покрај Дени Карваљо топката со глава ја зафати Кевин Де Брујне за 1:0.

Многу набрзо, во 11 минута, Сити го удвои водството. Фил Фоден и Де Брујне комбинираа, а нафрелната топка ја прифати Габриел Жезус кој го изврте Давид Алаба и рализираше за 2:0.

Двата рани погодоци видливо ги разнишаа „Кралевите“, а Сити имаше целосна доминација во поседот на топката. Сепак, постепено Реал почна да се извлекува од притисокот на домашните и почна да се заканува. Но, тоа им иставаше и доволно прстор на играчите на Сити па така до 30 минута имаа уште две одлични шанси. Шутевите на Фоден и Марес минаа многу блиску крај голот на Реал.

Но стануваше јасно дека Реал сѐ повеќе ја подобрува својата игра и од првата вистинска шанса успеа да намали. Во 33 минута Карим Бензема уште еднаш покажа колку малку простор и време му се доволни за гол. Ферлан Менди наферли, а Бензема од полуволеј ја зафати топката и ја смести во мрежата веднаш до стативата.

Во висок ритам заврши првиот дел, со бројни шанси на двете страни, а уште полуд натпревар се следеше во второто полувреме. На самиот почеток Марез во ситуација „еден на еден“ малку отскосо ја погоди стативата, а одбиената топка Фоден не успеа да ја смести во гостинската мрежа.

Меѓутоа, Фоден беше присебен во 53 минута кога предизвика нова ерупција од одушевување на трибините. Но само две минути подоцна Реак повторно го намали заостанувањето на само еден гол. Високо поставената одбрана на Сити ја проби Винисиус Жуниор кој се претрча до самиот противнички гол и погоди за 2:3.

Потоа темпото малку опадна, но се покажа дека тоа беше подготовка за завршните удари од двете страни. Повторно во налет беше Сити а во 74 минута откако романскиот арбитар Иштван Ковач дозволи предност Бернардо Силва пласираше за 4:2.

Нова шанса потоа пропушти Марез, а во 82 минута следеше ново намалување на Реал. Несреќно топката во домашниот шеснаесетник го погодои Емерик Лапорт во раката, а Бензема ја дополни оваа одлична престава со „паненка“ од белата точка за последното намалување на 3:4. Тоа беше неговито 14-ти погодок сезонава во Лигата на шампионите.

Во среда, исто така од 21 часот, првиот полуфинален дуел од уште една англиско-шпанска пресметка на „Енфилд“ го играат домашниот Ливепрул и Вилјареал.