Лихвар му пресметувал на должник камати од 200 отсто

Млад маж е приведен во неделата, по пријава за лихварство при што на должник му пресметувал камати од дури 200 отсто месечно, информираа од Министерствот за внатрешни работи.

Македонската полиција го уапси 28-годишниот Н.Н под сомнение дека на противзаконит начин нaплатувал камата.

Имено, осомничениот во период од месец јануари до месец август, во неколку наврати му давал пари на лицето Н.Г, на кој потоа му пресметувал камата од 200 посто месечно.

Полицијата осомничениот го уапсила во текот на денешниот ден во Кавадарци.