Ликвидација во скопско

Убиство во скопско Инџиково се случило синоќа околу полноќ, пренесува во петокот порталот Курир, повикувајќи се на потврда од Министерството за внатрешни работи.

За Курир од МВР истакнале дека официјални информации и поединости за настанот ќе соопштат во текот на денот.

Во меѓувреме, Алсат телевизија повикувајќи се на неофицијални информации објави дека лица маскирани во фантомки и вооружени влегле во куќата на 49-годишен жител кој бил во домот со сопругата и ги легнале во ходникот, додека во друга соба имало роднини.

„Вооружените лица им побарале пари, откако сопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелало од пиштол кон него и го погодил во пределот на главата, по што починал“, објавува Алсат телевизија.

Неофицијално, лицата избегале во непознат правец.