
Тест на крвта кој детектира 10 различни видови на рак наскоро би можел да им помогне на лекарите да ја откријат болеста пред тоа кај пациентот да развие симптоми, е веста која доаѓа од најголемиот собир на онколозите во светот.
Ликвидна биопсија, како што научниците го нарекоа овој тест, го открива ракот така што пронаоѓа ситни делови од ДНК кои клетките на ракот ги ослободуваат во крвта. Најдобри резултати тестот покажаал при откривање на рак на јајниците и панкреасот. Истражувачите се надеваат дека течната биопсија наскоро ќе стане дел од стандардната процедура што лекарите ќе ја користат за рано откривање на ракот, се вели во извештајот на Гардијан.
“Ова може да биде Светиот Грал на истражување на ракот и да спаси многу животи. Ќе открива тешко излечиви видови на рак во раните фази, кога е полесно да се бориме со нив, изјави Ерик Клајн, шеф на истражувањето што е направено на Клиниката Кливленд во Центарот за канцер, а во кое учествувеле и научници од Универзитетот Стенфорд.
Резултатите од истражувањето беа презентирани на годишниот конгрес на Американското здружение на клинички онколози во Чикаго.