Претпоследното 37. коло од актуелната сезона во француската Прва лига ќе помине во знакот на денешниот дерби натпревар помеѓу моментално третопласираниот Лил и екипата на ПСЖ.
За разлика од гостинот, кој пред неколку дена ја прослави одбраната на шампионската титула, фудбалерите на Лил имаат обврска да освојат најмалку еден бод кој ќе се покаже како доволен за да и математички ја осигураат третата позиција на првенствената табела која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Голема борба и неизвесност се очекува и на дуелот помеѓу вечните ривали, Бордо и Олимпик Марсеј, но трите бода се поголем императив за гостинот од “Велодром”, кој грчевито се бори за петтата позиција на табелата која води во групната фаза од Лигата на Европа.
Денеска на програмата: Ајачио – Реим, Бордо – Марсеј, Евијан – Ница, Генгамп – Тулуз, Лион – Лориент, Лил – ПСЖ, Монпеље – Бастија, Нант – Сент Етјен, Рен – Сошо, Валенсиен – Монако.