Лил го совлада Монако во дуелот со седум голови

Во последниот натпревар од 12-то коло на француското фудбалско првенство Лил го победи Монако со 4:3, впишувајќи ја третата победа во низа.

Беше одигран одличен натпревар, Лил во првиот дел водеше со 1:0 и со 2:1, но Монако и двата пати се враќаше во игра, а во вториот дел дојде и до предност, но домашните израмнија на 3:3 па набрзо го постигна и победничкиот погодок.

Стрелци за Лил беа Александро во 22, Реми Кабеља во 39 и 63 и Џонатан Бамба во 71 минута, за тимот од Кнежевството стрелци беа Енрике Силва во 34, Аксел Дисаси во 44 и Висам Бен Једер во 53 минута.

Лил со трите бодови има 22 и го смени од шестата позиција Монако кој падна место подолу со бод помалку.

Во претходно одиграниот меч Рен го победи Анже 2:1 на гости. Рен дојде во водство во 43 минута, а стрелец беше Амине Гуири, Анже израмни во второто полувреме во 53 минута со голот на Амине Салама, но во третата минута од судиското продолжение на натпреварот гостите добија пенал откако Амаду го собори Аблине, а хрватскиот интернационалец Ловро Мајер беше прецизен од белата точка.

Ренс се искачи на четвртото место со 24 бодови, а пред него се Лориен и Ланс со по 27 бодови и водечкиот ПСЖ со 32 бодови. Анже е последен со осум бодови, бод помалку од зоната на спас.

Ница и Нант одиграа без победник 1:1, во дуел со бурна завршница. Гостите поведоа во 49 минута со голот на Игнатиус Ганаго, а израмни Николас Пепе од пенал во седмата минута од судиското продолжение а во следните две минути гостите останаа без исклучените Кадер Бамба и Албан Лафонт.

Ница е 12-та со 13 бодови, а Нант е 15-ти со 11 бодови.

Брест на гостувањето го победи Клермон со 3:1, што е само втората победа на овој тим сезонава. Гостите поведоа во 15 минута преку Ромен Дел Кастиљо од пенал. Франк Онора во 55 минута ја удвои предноста, а прашањето на победникот Жереми Ле Дуарон во 68 минута, а во последните моменти од мечот Џим Алевина го ублажи поразот.

Клермон моментално е деветти со 17 бодови, а Брест со девет бодови дојде до 17-то место.

Тулуз и Стразбур ремизираа 2:2, а домашните испуштија предност од два гола. Домашните поведоа во 44 минута преку Антони Руои а Брехт Дежагере го удвои во 55 минута. За гостите прво израмни во 65 минута Лебо Мотиба, а две минути откако во 71 минута домашните останаа без исклучениот Расмус Николаисен израмни Кевин Гамеиро.

Тулуз остана на 10-то место со 16 бодови, а Стразбур со девет бодови е 16-ти, последното место пред зоната на испаѓање.

Ремс со 2:1 го победи Оксер. За домашните погодија Флориан Балогун во 28 и Жунија Ито во 87 минута, а за гостите во 33 минута израмни М’Баје Нианг. Ремс е 14-ти со 12 бодови, а Оксер 18-ти со девет бодови.