
Два погодока, по еден во двете мрежи, беа постигнати на премиерниот натпревар од 36. коло во француската Прва лига, дуелот помеѓу екипите на Бастија и Лил.
Гостинот дојде до посакуваното водство во 32 минута со погодокот на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Саламон Калу, а во самиот финиш од натпреварот Бастија израмни со погодокот на 23-годишниот играч за врска, Вахби Казри.
Гостинските фудбалери се на само еден чекор од реализиација на зацртаната цел, освојување на третата позиција на првенствената табела и пласман во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони, додека тие на Бастија уште пред неколку првенствени кола го обезбедија опстанокот во елитното друштво.