Во првиот натпревар од 21-то коло на француското фудбалско првенство, Лил успеа да го надигра Амјен со 2:1 на свој терен.
Гостите во водство веќе во 5 минута го доведе Фернеи Отеро, но домашните потоа преку Рафаел Леао израмнија во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. До до трите бода дојдоа во 85 минута кога стрелец беше Ксека.
Лил сега е втор на табелата со 40 бодови, 10 помалку со три натпреари повеќе од недостижниот актуелен првак Пари Сен Жермен, но четири повеќе со меч повеќе од третиот Сен Етјен. Додека Амјен е 17-ти со 18 бодови, колку што има и 16-от Каен, додека бод помалку и два натпревара помалку има 18-от Дижон
Во сабота се игра дуелот меѓу водечкиот ПСЖ и последниот Гинган, како и Монако – Стразбур, Ним – Тулуз и Ремс – Ница. Во недела се среќаваат Рен – Монпелје, Каен – Марсеј, Анжер – Нант, Бордо – Дижон и Сен Етјен –Лион, а колотпо во понеделникот го затвора дуелот Ним – Анжер.