Лил уверлив кај Стразбур

Со убедливата победа од 3:0 на гости во Стразбур, фудбалерите на Лил во петокот вечерта го отворија 110-то коло од француското првенство.

Канаѓанецот Џонатан Дејвид ги постигна првите два погодока за Лил, првиот во 41 минута од пенал а вториот во 76 минута. Конечниот резултат во 80 минута го постави Реми Кабеља.

Лил со 19 бодови привремено е на шестото место на табелата, додека Стразбур со осум бодови е 15-ти. Водечкиот ПСЖ има 26 бодови, еден повеќе од Лориен, а три повеќе од третиот Марсеј.

Во саботата се играат само два натпревара Лориен – Ремс и Ланс – Монпелје, додека во недела играат Тулуз – Анже, Оксер – Ница, Нант – Брест, Рен – Лион, Троја – Ајачо, Монако – Клермон и дербито ПСЖ – Марсеј.