Најдобар „тројкаш“ на овогодинешното издание на турнирот беше Дамиен Лилард, асот на Портланд кој славеше против Хилд и Халибартон. Пресудна за победата беше тројката од аголот која вреди два поени.
Лилард имаше по 26 поени во секоја рунда, а рекордот на вечерта го постави Халибартон кој во првата серија броеше до 31. Но, во втората целосно потфрли и дозволи двајца колеги да го престигнат, иако беше фаворит за титулата.
Ноќта меѓу саботата и неделата се одржа натпреварот во вештини, а најдобар беше тимот на Јута. Триото Џордан Кларксон, Вокер Кеслер и Колин Секстон во финалето ги победијата браќата Адетокумбо.