Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе биде дел од квалификациите на вториот Грен Слем турнир Ролан Гарос што се игра во Париз.
Нашата тенисерка е рангирана на 180-то место, а на квалификациите ќе игра три кола за да се избори за настап на главниот турнир.
Ова за Ѓорческа ќе биде трет настап во квалификации на Грен Слем турнирите откако претходно лани играше на УС Опен, а на почетокот на годинава настапи и на Австралија Опен.