Лина Ѓорческа испадна на стартот на фјучерсот во Италија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со само три освоени гема испадна уште во првото коло на ИТФ-фјучерсот во Санта Маргерита ди Пула (Италија), откако загуби со 3-6, 0-6 од домашната тенисерка Лиса Пигато, која е безмалку 300 места послаборангирана на ВТА-листата.

Ѓорческа викендов го освои својот прв трофеј годинава на турнирот во Сплит во двојки, но одигра далеку под своите можности, па брзо во првиот сет со загубен сервис ѝ овозможи на Пигато да поведе, а потоа во вториот осигра уште полошо и не освои ниту еден гем.

Ова е најслаб меч досега на Ѓорческа во оваа година.