Лина Ѓорческа поразена во финалето во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до титулата на ИТФ фјучрс турнирот во српска Куршумлиска Бања откако загуби во финалниот меч.

Ѓорческа во финалето на турнирот вреден 25.000 американски долари загуби од Русинката Јулија Андеева со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-4.

И покрај поразот во финалето поради одлично одиграниот турнир Ѓорческа која во моментов е на 260. место на ВТА листата се очекува да има напредок на новото рангирање кое ќе биде утре.