Лина Ѓорческа во полуфиналето на фјучeрсот во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот од серијата W75 во Рим каде по по два ипол часа борба ја елиминира Варвара Лепченко во три сета (2-1).

Тетовката го загуби првиот сет со 6-4, Лепченко (4 носителка на турнирот)) возврати со 7-5 во вториот, а во завршниот видовме многу брејкови на двете страни со тоа што мора да се каже дека Варвара водеше со 5-3 и сервираше за победа.

Потоа на сцена дојде Македонката која ги освои четирите наредни грејма за 7-5 и место во наредната фаза,

Во полуфиналето Лина Ѓорческа оди на мегдан со подобрата од мечот на Петра Марчинко и Гуимар Маристани Зулета де Релес.