Линдзи Лохан обвинета за кражба на телефонска апликација

Проблематичната актерка Линдзи Лохан не може да се ослободи од лошиот публиците и судските обвиненија.

Во јавноста излезе уште едно обвинение за неа, овојпат поради наводна кражба на телефонска апликација.

Имено актерката заедно со еден свој пријател основала апликација „виртуелен гардеробер“ по пат на која може да се купува гардероба по желба.

Сега актерката со нов партнер сака да ја преименува апликацијата и да преземе комплетна контрола над неа, што не му се допаднало на нејзиниот пријател кој покренал тужба против неа.

Првото рочиште е закажано во септември.